-
Графички дизајн
Less is more – нашата главна карактеристика.
Една наша графичка порака, речиси, секогаш е изработена по овој диктум.
Креираме кратки, јасни и елегантни графички прикази.
Тоа е најефикасната формула за пренесување на Вашата порака.
Без разлика дали производот е веб страница, визит карта, брошура, оутдоор кампања итн. Колку појасна е пораката и визуелниот приказ толку полесно сите ќе ја разберат.
Визуелно комплицираната кампања не ја пренесува целосно пораката и најчесто резултатот е збунет потенцијален потрошувач.
-
Начин на работа
Сите во Imaginative Advertising се трудат да ги надминат Вашите очекувања, не само со нашата работа туку пред се со нашиот пријателски однос.
Ние веруваме дека искрениот, пријателски однос е клучот на одличната соработка.
Тука сме да Ви помогнеме кога Ви сме најпотребни па дури и кога таа помош не е Во нашиот професионален домен.
-
На кратко, еве како би се одвивала соработката меѓу нас:
Запознавање – пред отпочнување на секој проект, ќе бидете посетени од претставник на Imaginative Advertising. На овој прв состанок, ние само Ве слушаме. Ги сознаваме Вашите цели и како финансиски планирате да се стигне до нив.
Надминување на очекувањата – чим ги сознаеме Вашите цели, тимот на IA почнува со работа. Ние ќе извршиме соодветно истражување. Ние ќе Ви дадеме конкретни креативни решенија, како да стигнете до Вашата цел, без разлика на Вашиот буџет.
Ние ќе го пренесеме нашето искуство на Вас.
Никогаш нема да дозволиме наш клиент да остане без соодветната поддршка.
Конструкција – кога се е одредено, конструкцијата започнува. Доколку Ви дадеме рок од една недела за изработка – тој рок СЕКОГАШ ќе биде испочитуван.
