• Веб дизајн

    Прво прашање кое сигурно си го поставувате е:

    „Зошто баш Imaginative Advertising да ја изработи мојата веб страница?“

    Второ: „Зошто да не го дадам овој проект на некој мој пријател, или пријател на пријателот или на некој човек-фирма?

    И онака ќе добијам веб страница а ќе ме чини поефтино?“

    Одговорот е во тоа што Imaginative Advertising се раководи според строги принципи во својата работа и не значи дека нашите услуги имаат повисока цена.

    Во Република Македонија, компаниите кои се во оваа индустрија имаат еден недостаток: или Ви нудат веб страна која графички изгледа добро но технички е неправилно изработена (не е оптимизирана, тешко се вчитува, некои делови се недостапни, во одредени веб пребарувачи не се појавува итн) или е технички добро изработена (CSS кодирана) но визуелно е уште една обична – занемарлива и невпечатлива веб страна.

  • Imaginative Advertising го нуди идеалниот баланс: креираме веб страници кои се уникатни по својот изглед и сите се CSS кодирани или, едноставно, технички се одлично програмирани.

    Но најважниот дел е што ние Ви нудиме ФУНКЦИОНАЛНИ веб страници а тоа значи дека една наша веб страна е оптимизирана за било какво пребарување, дека ги содржи сите соодветно потребни модули, дека е лесно пристапна и соодветно лесна за навигација.

    Исто така, една функционална веб страница значи дека е соодветна на потребите на Вашата компанија. Тоа значи дека конструираме веб страни кои им овозможуваат на вашите клиенти и посетители полесна соработка, полесен пренос на информации и добивање на вистинскиот впечаток за Вашата компанија.

    Важноста на изгледот на Вашиот веб сајт и неговата содржина се од огромно значење.

  • Вашиот веб сајт секогаш е Вашиот најголем говорник во односите со јавноста.

    Кога сајтот има „свеж“ и функционален дизајн давате впечаток на компанија која внимава на својот имиџ. Кога сајтот има релевантна содржина Вашиот посетител секогаш ќе се враќа.

    Да имате одличен имиџ и редовни посетители значи дека ќе имате лојални клиенти.

    Според тоа, размислете добро на кого ја доделувате Вашата веб страница.

    Еден од нашите водечки принципи е на секој проект да пристапуваме со празен лист.

    Секоја наша креирана веб страница е направена од тој празен лист и е единствена по својот изглед.

  • Креираме функционални, уникатни, визуелно и технички напредни веб страници и апликации почнувајќи од нула.

    Го пренесуваме нашето искуство и совети на секој проект и клиент.

    Користиме легален софтвер за изработка на истите и ги регулираме (Ви ги пренесуваме) авторските права на секој проект.

    Ние НЕ преземаме (или откупуваме) туѓи веб темплејти па да ви ги препродадеме нив што за жал е вообичаен метод на работа во нашата земја од страна на многу фирми.